Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Црвена звезда казнета со два натпревари без навивачи во Европа

УЕФА го казни српскиот шампион со два натпревари пред празни трибини поради неколку пропусти кои се случиле на мечот против Судува

Црвена зведа нема да може да смета на своите навивачи на стадионот „Рајко Митиќ“ во плеј-оф квалификациите во Лигата на шампиони (ако ја елиминираат Трнава), или во плеј-оф мечот од Лигата на Европа ако испаднат од Словаците и играат дуел против подобриот од Олимпија и ХЈК.

Исто така, „црвено-белите“ ќе играат пред празни трибини на првиот меч во групната фаза од Лигата на шампиони или Лигата на Европа (доколку се пласираат). Клубот е дополнително казнет со 72.000 швајцарски франци.

Причини за казната на Звезда е слабата организација на натперварот од второто квалификациско коло во ЛШ против Судува, како и недоличното однесување на најверните на истиот меч. Од таа средба пријавено е и расистичко скандирање од страна на симпатизерите на тимот од Белград, кој го пријави делегат од невладината организација ФАРЕ, која соработува со УЕФА.

Српскиот првак поради поранешни слични престапи беше под условна казна од УЕФА, што влијаеше врз новата санкција.

Најнови вести