Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2013

Масовно апсење во чешкиот фудбал поради местење натпревари

Чешката полиција приведе десетина фудбалери од тамошните лиги под сомнение за вмешаност во местење натпревари, откри портпаролот на чешката полиција, Јарослав Ибехеј.

Полицијата веќе со седмици работи на случајот да ги открие измамниците на фудбалските терени, а според првите информации, главно станува збор за играчи од пониските лиги, но има и по некој од највисоката класа на чешкиот фудбал. Фудбалскиот сојуз на Чешка и понатаму нема право во јавноста да излегува со имињата, сè додека полицијата не го допушти тоа.
Се претпоставува дека на списокот се наоѓа и по некој играч од прволигашот Теплице, моментно четвртопласираниот состав на првенствената табела, чиј претседател Франтишек Хрдличка пред некое време изрази сомнеж во чесноста на своите играчи.

Најнови вести