Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

На повидок епска борба: Фјури против Вајлдер во Лас Вегас

Двајцата боксери во тешка категорија најавија мега-борба во „градот на коцката“

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури по вчерашната победа над Франческо Пианета си закажа нов мега-дуел, против носителот на ВБЦ титулата, Деонтеј Вајлдер.

Веднапш по мечот Фјури-Пианета, британскиот и американскиот боксер се пресретнаа во рингот и ја искористија шансата да најават борба која ќе се одржи во Лас Вегас.

Фјури по пауза од две годни повторно се врати во рингот и веќе забележа две победи, од кои едната беше токму вчера.
Вајлдер пак, посакуваше борба против Џошуа Кинг со цел да ги обедини сите појаси во тешка категорија. Американецот во својата кариера брои 40 победи на исто толку мечеви, од кои 39 ги завршил со нокаутирање на противникот.

Датум за борбата Фјури - Вајлдер засега не е закажан, но нема сомнеж дека се очекува спектакуларен меч.