Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2017

Мејведер го победи Мекрегор во борбата на векот

Мејведер (40) го победи Мекрегор и со тоа влезе во историјата на спортот и на спортскиот бизнис: ја оствари 50-тата победа и со тоа го престигна рекордот на Роки Марчано и е на пат да стане прв милијардер о неговата бранша.

Американскиот боксер Флојд Мејведер Помладиот ќе се повлече од рингот непоразен откако во спектакуларната борба на векот во Лас Вегас ја совлада ѕвездата на ултимејт фајт, Ирецот Конор Мекгрегор.
Повеќе од 20.000 гледачи во Лас Вегас, меѓу кои беа многу спортски ѕвезди и лица од шоу бизнисот, како и милијарди кои го следеа ТВ преносот, можеа да видат добар меч.
Иако ова му беше прв бокс me; на толку високо ниво, Мекрегор (29) даваше добар отпор.
Некогашниот водоинсталатер од Даблин, кој стана страв и трепет на октагонот, рингот со мешани боречки вештини во коишто речиси сè е дозволено, на крајот сепак немаше решени за Мејведер.
Мекрегор добро почна, но боксерскиот шампион од шестата рунда ја презеде контролата и почна да погаѓа речиси со секој удар, додека Ирецот видно беше сè поуморен.
По двете силни леви крошеа на Мејведер, судијата во десеттата рунда ја прекина борбата.
И покрај тоа што се навредуваа и се провоцираа меѓусебно во текот на борбата, честитките и поздравите по натпреварот беа прилично пријателски.
„Беше подобар отколку што очекував, користеше разни агли, тој е голем шампион. Ова беше мојата последна борба и избрав добар ривал за збогување“, изјави Мејведер, 15 пати светски шампион во четири категории.