Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Мекгрегор се враќа во октагонот – Ќе се бори со Нурмагомедов за титула

Ирецот по две години пауза ќе се бори за повторно искачување на врвот на UFC

Огранизаторите на шампионатот во мешани боречки вештини го потврдија враќањето на Конор Мекрегор во октагонот преку промотивен видео запис за следната сензационална борба помеѓу Ирецот и актуелниот светски шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов.

Спектаклот под реден број 229 ќе се одржи на 6-ти октомври во „T-Mobile“ арената во Лас Вегас, соопшти претседателот Дејна Вајт на прес-конференцијата по повод 25 години од постоењето на овој шампионат.

Мекрегор одново ќе има шанса да биде најдобар во својата категорија, откако титулата му беше одземена поради неактивност. Во периодот кога ирскиот борач отсуствуваше од рингот, Нурмагомедов беше немилосрден кон патот за шампионскиот појас. Оствари 26 победи на исто толку борби, а титулата ја освои во април победувајќи го Ал Јакинта.