18.12.2017 Французинките нови светски шампиони во ракомет
Женската ракометна репрезентација на Франција го освои златниот медал на Светското првенство во Германија откако во финалето ја победи Норвешка со 23-21 (11-10).
На Французинките ова им е петти медал на Светското првенство, а втор златен по 2003 година и прославата во Хрватска.
Најефикасни во победничкиот тим беа Алисон Пино и Манон Ует со по четири гола, додека по три постигнаа Лауриса Ландр и Естел Нзе Минко.
Во селекцијата на Норвешка се истакнаа Вероника Кристансен и Нора Морк со по седум гола. На Норвежанките ова им е десетти медал на Светското првенство, а четврти сребрен.
Претходно вчера Холандија со 24-21 ја победи Шведска во натпреварот за бронзениот медал.