Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

ПСВ Ајндховен – Само за обложувачи со силно срце и челични нерви

Холандскиот првак последните три победи ги забележа во судиското надополнување

Не е лесен животот ниту на обложувачите, особено кога на тикетот го чекаш уште ПСВ да победи. Избраниците на Марк Ван Бомел обезбедија победи на последните три мечеви во судиското надополнување.

Вчера, холандскиот првак трите бода против Цволе ги освои во 93-тата минута од судиското надополнување со голот на Де Јонг, играјќи си со нервите на сите обложувачи кои чекаа да  ја заокружат навидум сигурната „двојка“.

Тимот од Ајндховен на сличен начин стигна до триумф и минатиот викенд. Во рамките од второто коло во холандската Прва лига, ПСВ победи со резултат од 1-2 со гол во 91-та минута на гостувањето кај Фортуна Ситард.

Во вторникот, во првиот дуел од плејофот во Лигата на шампиони, ПСВ го совлада белорускиот тим Бате со резултат од 2-3 и гол постигнат во 92-та минута.

Едно е сигурно, ПСВ е тим само за обложувачи со челични нерви и голема храброст.

Најнови вести