Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2014

Деветмина приведени во Бугарија поради местење

Девет лица се приведени под обвинение дека местеле натпревари во бугарскиот шампионат, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.

Министерството не сакало да ги именува фудбалерите, но бугарските медиуми наведуваат дека тоа се: Александар Тунчев, играч на ЦСКА, Мартин Камбуров, напаѓачот од Локомотив од Пловдив и Кирил Котев од Черно Море.
Тие се обвинети дека местеле натпревари во коишто играл Локомотив минатата сезона, што набрзо тоа го демантираше директорот на клубот Атанас Узунов.
Бугарските клубови последните години често беа на удар поради местење натпревари, бидејќи во обложувалниците се уплаќале големи суми пари на резултатите во тамошната лига.
Според бугарскиот Закон од 2011 година, обвинетите поради местење натпревари и нелегално обложување би можело да добијат затворска казна до осум години.

Најнови вести