11.9.2013 Џенова еден месец без својот репрезентативец Антонели
На петочниот квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство меѓу фудбалерите на Италија и Бугарија се повреди 26-годишниот Лука Антонели.
Одбранбениот играч на Џенова го повреди глуждот, поради што отпадна за вчерашната квалификациска средба, во која Италија, исто така пред своите навивачи, славеше со 2-1 против Чешка.
По прегледите е установено дека кај Антонели се повредени лигаментите на глуждот, па поради тоа од теренот ќе отсуствува околу еден месец.
Џенова во новата сезона на Серија А стартуваше со два порази, а еден од натпреварите коишто ќе ги пропушти Антонели е големото градско дерби против Сампдорија, кое се игра на 15-ти овој месец.