Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2016

Бугарија со победа си замина од Скопје

Репрезентацијата на Македонија вчера на домашен терен беше поразена од репрезентацијата на Бугарија на пријателскиот натпревар што се одигра на националната арена „Филип Втори“.

Македонија загуби уште еден пријателски натпревар, овој пат со 0-2 и само ја продолжи лошата низа и на три натпревари по ред не успеа да ја затресе мрежата на противникот.
Првото полувреме помина солидно за македонската репрезентација, најголемата шанса ја имаше преку Шиков кој сепак не успеа да постигне погодок, па така на полувремето репрезентациите заминаа со резултат 0-0.
 Натпреварот беше решен во второто полувреме, гостинскиот тим дојде до водство во 65-тата минута со голот на Рангелов. По примениот гол нашите репрезентацијата тргнаа со сите сили по израмнување на резултатот, но наместо тоа во 87-та минута Тонев го постигна голот за 0-2.

Најнови вести