Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2016

Македонија по победа против Бугарија

Македонската фудбалска репрезентација денеска во 19:00 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе ја пречека Бугарија во вториот тест во репрезентативната пауза.

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, изјави дека како на сите натпревари досега така и на овој цчелта е победа. Репрезентацијата на Македонија на овој натпревар влегува со серија од два порази по ред без постигнат погодок.
„Секоја почит за Бугарија која ја совлада Португалија на последниот пријателски натпревар, но сепак најважно е како ќе одиграме. Очекувам квалитетна, максимално борбена и агресивна игра од моите фудбалери. Како и на секој натпревар, така и на овој одиме на победа, секој наш противник има слаби страни, а ние тоа мораме да го искористиме“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Гостите доаѓаат мотивирани по победата што ја извојуваа над репрезентацијата на Португалија на гостински терен. Меѓутоа фактот дека натпреварот ќе го играме на домашен терен, одличната атмосфера која владее во тимот на македонската репрезентација е голем мотив за позитивен резултат на овој натпревар.
Селекторот пак на репрезентацијата на Бугарија, Ивајло Петев пред натпреварот изјави дека ова за него е балканско дерби.
„Ова за нас е балканско дерби, очекувам да одиграме квалитетен натпревар, му приоѓаме многу сериозно и ќе одиме на победа од уште од првата минута. Им реков на фудбалерите дека треба да го потврдиме добриот резултат како на натпреварот со Португалија. Репрезентацијата на Македонија е квалитетна и го познавам тимот, навалната линија е опасна, а ќе треба да ги сопреме Пандев, Тричковски, Ибраими и Јаховиќ доколку сакаме да ја постигнеме победата. Верувам дека ќе го постигнеме тоа и на крајот ќе славиме“, изјави селекторот на репрезентацијата на Бугарија, Ивајло Петев.

Најнови вести