Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2014

Леванте и Сарагоса под истрага за местење

Повеќе од 20 играчи учесници на натпреварот меѓу Леванте и Сарагоса во мај 2011 се повикани на разговор во Одделението за борба против организираниот криминал во Шпанија.

Како што пренесува „Марка“, постои основано сомнение дека натпреварот меѓу Леванте и Сарагоса одигран во мај 2011 година, кој е завршен со победа на гостинот од 2-1, бил наместен за да може тој тим да обезбеди бодови за опстанок во Примера лигата.
Сарагоса таа сезона заврши на 14-тото место во Примера лигата, додека во Сегунда се пресели Ла Коруња.
Разговорот во Одделението за борба против корупцијата и организираниот криминал е закажан за трети октомври.

Најнови вести