Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Рафиња одново оди на позајмица, ќе игра за Бетис

По авантурата во Интер, Рафиња реши да остане во шпанското првенство

Фудбалерот за врска на Барселона, Рафиња, се сели во редовите на Бетис како позајмен играч до крајот на сезоната. Клубот од Севилја ќе плати 1,5 милиони евра за позајмицата, додека по крајот на сезоната, ќе имаат можност во целост да го откупат играчот за сума од 25 милиони евра. Бетис притоа се согласи да му ја плаќа целата плата на Рафиња.

Иако Каталонците првично се обидуваа да го продадат играчот со цел да го зголемат буџетот за трансфери, не се најде купувач кој ќе сака да исплати онолку колку што бараше Барса, додека овој „дил“ беше најдобрата опција.


 

Најнови вести