Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Леванте со седми „3+“ по ред

Мечевите на екипата од Валенсија веќе седум пати едноподруго завршуваат со три или повеќе постигнати голови

По убедливата победа на гостувањето кај Бетис, вториот настап на Леванте во Примера беше неуспешен и разочарувачки. Тимот од Валенсија е поразен пред своите навивачи од Селта Виго со 1-2, па остана со три бода по две одиграни рунди. 
Поне Систо во десетта и Макси Гомес во 35-тата минута ја најавија победата на Селта, а во 78-мата минута, капитенот на Леванте, Хозе Луис Моралес ја врати неизвесноста. Ова беше прв меч на „Сиутат Валенсија“ по оној незаборавен дуел од финишот на минатата сезона кога Леванте ја совлада Барселона со 5-4. 
Македонскиот плејмејкер Енис Барди беше стартер во дресот на домашниот тим, а повлечен беше од игра во 71-вата минута. 
Леванте седум меча по ред игра со обложувачки речник кажано „три плус“, а, исто така, има низа и од 10 дуели по ред без нерешено. 

 

Најнови вести