16.12.2017 Беризо се врати на клупата на Севилја по операцијата
Едуардо Беризо, тренерот на фудбалерите на Севилја, го посети неговиот тим две седмици по операцијата на ракот на простатата и ја водеше екипата вчера, на натпреварот против Леванте кој заврши без голови.
„Доаѓањето на Едуардо Беризо на тренингот пред натпреварот со Леванте беше најголемата вест вчера утрото во клубот“, објавено е на клупската интернет-страница.
Тренерот на Севилја вчера ги изненадил неговите играчи кога се појавил во соблекувалната за да разговара со ним, а потоа ги одвел на теренот поради тактички подготовки.
Беризо потоа заминал во хотел заедно со претседателот Хосе Кастро и спортскиот директор Оскар Араси.
Веста за болеста на Беризо стигна утрото откако Севилја одигра нерешено (3-3) против Ливерпул во групната фаза на Лигата на шампионите на 21-ви ноември. Една седмица подоцна му беше извршена операција.
Севилја беше на второто место во групата Е од Лигата на шампионите, а во осминафиналето ќе игра против Манчестер јунајтед.
Во шпанското првенство се наоѓа на петтото место со 28 освоени бода, 11 помалку од лидерот Барселона.