Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2018

Шпанците владеат со Европа – 12 трофеи од 13 финалиња

Со освојувањето на Лигата на Европа, Атлетико ја продолжи доминацијата на шпанските клубови во натпреварувањата под покровителство на УЕФА.

Сметајќи го периодот од претходните пет години, екипите од Ла Лига не освоија трофеј само минатата година во Лигата на Европа, бидејќи најдобар во тоа натпреварување беше англискиот Манчестер јунајтед.
Ако не се смета тој случај, Шпанците беа најдобри во сите натпреварувања на УЕФА од сезоната 2013/14 досега. Тие освоија 13 од 14 трофеи, сметајќи го и Суперкупот.
Серијата ја отворија Реал Мадрид и Севилја, кои беа најдобри во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, продолжија Барселона и андалузискиот клуб, во 2016 повторно Реал и Севилја доминираа во Европа, а минатата сезона низата за малку ја расипа Манчестер јунајтед.
По трофејот на Ателтико Мадрид во Лигата на Европа, шпанската доминација може да продолжи и во случај Реал да слави во финалето на Лигата на шампионите и да ја освои третата титула во низа.

Најнови вести