Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2014

Петев на местото на Пенев на чело на Бугарија

Репрезентацијата на Бугарија доби нов селектор - Ивајло Петев дојде на местото на Љубослав Пенев, кој си замина минатиот месец.

Петев потпиша тригодишен договор со Фудбалскиот сојуз на Бугарија, а најголем успех во својата тренерска кариера 39-годишниот стручњак оствари со Лудогорец.
„Горд сум што ја добива честа да го водам националниот тим. Ќе дадам сè од себе да успееме во квалификациите за ЕВРО 2016“, изјави Петев.
Бугарија е четврта во групата Х во квалификациите за Европското првенство со четири бодови од четири натпревари, а во последната средба разочара со 1-1 против Малта.
„Наша цел е третото место, мораме да се бориме за тоа сè додека имаме теоретска шанса“, изјави Борислав Михајлов, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија.

Најнови вести