Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2012

11 фудбалери уапсени во Бугарија

Бугарската полиција вчера уапси шестмина фудбалери на Черноморец и уште петмина играчи на второлигашот Нефточимик кои се осомничени за местење натпревари.

„Можам да потврдам дека 11 фудбалери се уапсени поради сомневање дека местеле натпревари. Сите се бугарски државјани“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Бугариј.
Истрагата почнала пред два месеци на темел на доказите за илегално обложување, но не се откриени повеќе детали.
Бугарските медиуми известија дека меѓу уапсените фудбалери на Черноморец се Румен Трифонов и Преслав Јорданов кои со лисици на рацете се одведени од стадионот во Бургас.
Черноморец во моментов е шестопласирана екипа во бугарската Прва лига, а неговиот градски ривал Нефточимик е прв во Втората лига.

Најнови вести