Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2015

Нови апсења во Италија

Полициската акција „Валкан фудбал“ почна по сознанијата врзани за калабриската мафија, а утрово беа приведени 50 луѓе вмешани во местење на натпревари.

Калабрискиот клан Ндрангета контролира голем број клубови на југот на Италија, доста од нив се во третата и во четвртата лига, таканаречената Про лига, за која се шпекулира дека  е вистински центар на корупција и местење натпревари.
Во Калчо лигата одамна нема пари, фудбалерите и тренерите стануваат лесен плен на мафијашите, во најновиот скандал вмешани се голем број клубови.
Полицијата до сознанија дошла прислушувајќи ги босовите на Ндрангета, покрај 50-те приведени, уште 70 се под истрага.
Се обвинуваат за местење натпревари во третата и во четвртата лига и обложување во земјата и во странство на договорени суми.
Она што се знае е дека во прашање се Про Патрија, Бриндизи, Соренто, Торес, Л’Аквила, Вигор Ламеција и уште некои од ниските лиги.

Најнови вести