Корисничко име Лозинка Пријави се
06.10.2012

Суспензијата на Конте намалена од 10 на четири месеци

Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, Антонио Конте, ќе се врати на тренерската клупа на „старата дама“ уште оваа календарска година.

Одлуката суспензијата на Конте од 10 месеци, која ја доби поради сознанијата за можно местење на два натпревари во Серија Б додека беше тренер на Сиена, а не пријавил, да се намали на четири ја донесе Италијанскиот спортски суд.
По ова решение, казната на поранешниот фудбалер на Јувентус истекува на 8 декември, што значи дека веќе следниот ден тој ќе биде на клупата во 16 коло од Серија А, кога шампионот гостува кај Парма.
Но, намалувањето на казната сепак нема да биде доволно Конте да ја води екипата во Лигата на шампионите, доколку Јуве не избори место во осминафиналето. Имено, последниот натпревар од групната фаза ќе го игра на 5 декември на гости против Шахтар.

Најнови вести