Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2012

Карабатиќ и неговите соиграчи можат да играат

Судот во Монпелје ја уважи жалбата на Никола Карабатиќ и останатите ракометари осомничени за местење на натпревари, по што им е дозволено меѓусебно да комуницираат.

По оваа одлука на обвинетите ракометари им е дозволено повторно да тренираат со своите клубови, па и да играат официјални натпревари.
Обвиненијата против ракометарите не се отфрлени, па тие не можат да им се обратат на медиумите сè додека не почне судењето.
Дали управата на ракометниот клуб Монпелје ќе му дозволи на Карабатиќ и на останатите негови соиграчи да играат на натпреварите од лигата останува да се види, имајќи ја предвид штетата која овој скандал му ја нанесе на францускиот шампион.

Најнови вести