Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2012

Обложувачка афера: За Масјело 22 месеци условна казна

Андреа Масјело, некогашниот фудбалер на Бари, една од клучните фигури во обложувачката афера што ја потресе Италија, е осуден условно на 22 месеци затвор откако се договори со обвинителите.

Дваесет и шестгодишниот Масјело ја отслужува казната забрана за играње фудбал, а денес доби и граѓанска казна. Одбранбениот играч, кој минатата сезона беше член на Аталанта, призна дека намерно постигнал автогол во поразот на својот тогашен клуб Бари од Лече (2-0), во сезоната 2010/11. Судот од Бари го прогласи за виновен и за учество во местењето на натпреварите Палермо – Бари, Бари – Сампдорија, Бари – Лече и Болоња – Бари.
Според обвинителите, Масјело изградил криминална организација која местела натпревари. Неговите пријатели и соработници во измамите, Џани Карела и Фабио Џакобе, се осудени условно на 17 месеци затвор.

Најнови вести