Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2014

Бари објави банкрот

Фудбалскиот клуб Бари објави дека банкротира за да избегне бришење од светската фудбалска мапа.

Некогашниот голем клуб од стадионот „Свети Никола“, за кого, меѓу останатите, играа Дејвид Плат и Антонио Касано, последниве години имаше големи финансиски проблеми и се бореше да опстане во Серија Б.
На вчерашниот состанок на Управниот одбор е донесена одлуката клубот да објави банкрот, затоа што семејството Матарезе, сопственик на Бари, не може да ги покрие постоечките трошоци.
Челниците на Бари истакнаа дека клубот е во голема криза и ги повикаа сите луѓе коишто можат да помогнат да го сочуваат клубот.
Кога клубот доброволно објави банкрот, постои можност некој да го купи или да подигне нов така што ќе го откупи името Бари.


Најнови вести