Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2012

Бруно Сена во Вилијамс

Бразилецот Бруно Сена ќе вози за Вилијамс во претстојниот шампионат на Формула 1, како партнер на Пастор Малдонадо од Венецуела.

Со тоа дваесет и осумгодишниот Бруно своето презиме ќе го врати во британскиот тим прв пат по 1994 година, кога неговиот вујко, легендарниот Аиртон Сена, возеше за Вилијамс на три трки пред да загине на Големата награда на Сан Марино на први мај.
Интересно е тоа што оваа вест уште пред да биде официјално соопштена, Вилијамс ја пушти во функција на својата интернет-страница, на којашто профилот беше токму со овој возач. Така веста со која се шпекулираше извесен период беше повлечена, а Вилијамс мораше брзо да реагира и да ја тргне таа слика пред официјално да потпише договор.
Бруно во Формула 1 дебитираше како возач на Хиспанија рејсинг во 2010 година, а потоа ја презеде улогата на тест-возач во Лотус. Сепак, шанса да вози доби кога Ник Хајдфелд го напушти клубот, а тој дојде како замена за Роберт Кубица. Најдобар резултат досега му е деветтото место во Монца.
Овој договор меѓу Вилијамс и Сена ќе значи и крај на кариерата за Рубенс Баричело, кој со ова останува без место во Формула 1.

Најнови вести