Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2016

Меси неизвесен за Уругвај и Венецуела

Лионел Меси поради повреда би можело да ги пропушти квалификациските натпревари на Аргентина против Уругвај и Венецуела за пласман на Светското првенство 2018 година.

Меси ги помина медицинските тестови на коишто беше откриено дека има проблеми со задниот дел на бутниот мускул, соопшти вчера Барселона. Како што се наведува, тој ќе отпатува за Аргентина, но сè уште не е сигурно дали ќе игра на тие натпревари.
„Неговото присуство на тие натпревари ќе зависи од тоа колку ќе се развива повредата“, се наведува во соопштението на Барселона.
Натпреварот меѓу Аргентина и Уругвај на програмата е во сабота, а дуелот со Венецуела на шести септември.
Аргентина моментно е трета во јужноамериканските квалификации за Светското првенство со 11 бодови. Пред Аргентина на табелата се Уругвај и Еквадор со по 13 бодови.

Најнови вести