Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2017

Милјонариос, Емелек и Монагас царуваат во Јужна Америка

Минатата ноќ завршија државните првенства во Колумбија, Еквадор и Венецуела, а до титулата дојдоа Милјонариос, Емелек и Монагас.

Милјонариос од Богота ја освои титулата во колумбиската Клаузура по реванш-натпреварот во којшто одигра нерешено 2-2 против Индепендиенте Санта Фе. Во првиот натпревар резултатот беше 1-0 за Милјонариос, додека во вториот Санта Фе два пати водеше со головите на Морела, во 18-тата од пенал и во 83-тата минута, но изедначувањето дојде со погодоците на Кадавид во 55-тата и Рохас во 85-тата минута.
Милјонариос ја освои првата титула во Колумбија од 2012 година, а вкупно негова 15-та во историјата, додека двата клуба се квалификуваа во Копа Либертадорес.
Емелек во вториот натпревар од финалето на шампионатот на Еквадор беше подобар со 2-0 од Делфин на гостувањето, а бидејќи во првиот дуел славеше со 4-2, титулата не беше доведена во прашање. Стрелци за тимот од Гвајакил беа Пресјадо во 45-тата и Ангуло во 64-тата минута, па титулата беше освоена по четврти пат во последните пет години. Ова за Емелек е вкупно 14-та шампионска титула на Еквадор и сега му фали само уште една за да се изедначи со големиот градски ривал Барселона.
Големо изненадување во првенството на Венецуела направи Монагас од Матурин, кој ја освои првата титула во клупската историја долга 30 години со победата над Депортиво Лара. Во првиот натпревар резултатот беше 1-0 за Депортиво, додека Моганас, претходно шампион на Апертура, во вториот дуел славеше со 2-0. Стрелци беа Блондел во 39-тата и Гонзалес во 81-вата минута.

Најнови вести