Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2016

Аргентина не победува без Лео, хорор за Нејмар

Уругвај и Бразил напредуваа, во Натал шок поради Нејмар, Аргентинците повторно не победија, Еквадор и Уругвај беа безмилосни, Колумбија го чекаше продолжението...

Аргентинците без Лионел Меси гостуваа во Перу, не успеаја да слават, натпреварот заврши со резултат 2-2.
Се чинеше дека за гостите работите одат добро, кога Фунес Мори ги стивна бучните навивачи во Лима.
Перу беше подобриот тим во поголемиот дел од натпреварот, а одличниот Паоло Гереро според бројот на голови за домаќинот повторно погоди и изедначи.
Потоа Аргентина повторно водеше, Игуаин го обележа враќањето во тимот со гол за 2-1, но ниту тоа не беше доволно. Мори направи пенал, Кристијан Куевас го постави конечниот резултат 2-2. Перу остави добар впечаток, но за него Русија е далеку, тој се наоѓа дури на осмото место на табелата во јужноамериканската зона.
Бразил ја надигра Боливија и остана на второто место. Ривалот кој од 1993 година не победил во гости во квалификациите беше лесен плен за Селесао. Головите ги постигнаа: Нејмар, Фирмино и Кутињо од Ливерпул, Филипе Луис и Габриел Жесус.
Нејмар во едена ситуација беше удрен со лакот, делуваше многу лошо, но сè добро заврши. Публиката во Натал беше повеќе од задоволна. За селекторот Тите ова е трета победа во три натпревари. Сега Бразилците се само зад Уругвај, кој ги исполни очекувањата против Венецуела.
Николас Лодеиро, кој игра во МЛС-лигата, го постигна првиот гол, Кавани даде два гола, со 36 погодоци се изедначи со Форлан на второто место на вечната листа на стрелците за репрезентацијата.
Колумбијците го чекаа крајот на натпреварот, но сепак успеаја да победат во Парагвај. Резервниот играч Кардона во продолжението погоди за златните бодови на Колумбија. Ова е добра увертира за дербито кое Колумбијците го играат против Аргентина во вторник во гости.
Во првиот натпревар на денот, Чиле лесно изгуби од Еквадор и се чини дека е сè поизвесно дека нема да го гледаме во Русија.
Клучот за победата на „орлите“ беше Антонио Валенсија. Фудбалерот на Манчестер јунајтед даде еден и го намести вториот гол за својот тим, а Чилеанците немаат победа од освојувањето на Копа Америка. Освен Валенсија, стрелци за Еквадор беа Кристијан Рамирез и Фелипе Каиседо. Поразот на гостите можеше да биде поубедлив ако Нобоа беше малку попрецизен, ја погоди стативата, а Чиле уште еднаш целосно разочара, очигледно заминувањето на Сампаоли од клупата засега е нерешлив проблем.

Најнови вести