Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2016

Мексико со бод оди понатаму на Копа Америка

Мексико одолеа против Венецуела и како првопласиран во групата оди во четврт-финалето, а Уругвај се прости од турнирот со победа.

Мексико го задржа првото место во Групата Ц со реми резултатот против опасната Венецуела.
На Мексиканците им беше потребен реми резултат, одличниот гол на Хесус Корона им донесе бод во финишот, откако Венецуела водеше речиси на целиот натпревар, од 10-тата минута со погодокот на Веласкез. Тој ги стиши Мексиканците на трибините во Хјустон, но тоа не беше на крајот доволно за победа.
Мексико оди како прв, со желба да ја избегна Аргентина во четврт-финалето, Венецуела е втора, а дома се враќаат Уругвај и Јамајка. 
Во утешниот натпревар Уругвај славеа во Санта Клара со 3-0, Абел Ернандез го постигна првиот погодок, а потоа Вотсон ја погоди сопствената мрежа и за конечните 3-0 погодокот го постигна Корухо.

Најнови вести