Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2017

Американците по шести пат го освоија Голд купот

Фудбалерите на Соединетите Американски Држави ја победија Јамајка со 2-1 во финалето на Голд купот.

Домаќините поведоа во последната минута од првото полувреме, кога Џози Алтидор постигна спектакуларен гол.
Фудбалерот на Торонто од околу 25 метри оддалеченост слободниот удар го изведе без грешка, а голманот на гостите беше немоќен.
Во 50-тата минута, Кемар Лоренс изведе корнер, а Је-Вонг Вотсон одлично скокна и погоди со глава за 1-1.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, во 89-тата минута Џордан Морис постигна гол за конечен резултат 2-1.
Тој е прогласен за најдобар играч на овој натпревар, додека најкорисен фудбалер на турнирот беше Мајкл Бредли.
Брус Арина, селекторот на победничката екипа, по трет пат го освои Голд купот, со што го стигна Бора Станковиќ, кој досега го држеше рекордот.