Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2015

Мексико го освои Голд купот

Репрезентацијата на Мексико ноќеска ја совлада Јамајка со 3-1 и со тоа го освои Голд купот - континенталното натпреварување на Северна и Средна Америка.

Мексиканците ја освоија десеттата титула во историјата, додека Јамајка го оствари најдобриот резултат на Голд купот досега, претходно го освои само бронзениот медал во 1993 година.
Откако репрезентацијата на САД загуби во полуфиналето, и тоа токму од Јамајка, Мексико во синоќешното финале влезе како голем фаворит. Во 31-вата минута од натпреварот Гвардадо го постигна првиот гол, а во второто полувреме следуваа погодоците на Корона и Пералта, додека единствениот погодок за Јамајка го постигна Матокс во 80-тата минута.
Со победата на Голд купот, Мексико не обезбедува директен пласман на Купот на конфедерациите, па ќе мора да игра плејоф против САД на деветти октомври во Пасадена.

Најнови вести