02.7.2014 Најџел де Јонг го заврши учеството на Светското првенство
Холандскиот играч за врска Најџел де Јонг најверојатно го заврши Светското првенство во Бразил откако дополнителните прегледи потврдија сериозна повреда на препоните.
Фудбалскиот сојуз на Холандија објави дека тој поради повредата ќе паузира од две до четири седмици.
Де Јонг со куцање го напушти теренот во деветтата минута од натпреварот против Мексико во осминафиналето на Светското првенство.