Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2018

Лев: Разочарани сме, не сме навикнати да губиме на стартот

Фудбалската репрезентација на Германија со пораз од Мексико (1-0) ја почна одбраната на светската шампионска титула на Мундијалот во Русија.

Мексико ја победи Германија со голот на Ирвинг Лозано во 35-тата минута, додека „панцирите“ за прв пат од 1986 година го почнаа Мундијалот без победа. Тогаш во Мексико одиграа 1-1 со Уругвај.
„Навистина е разочарувачки да се изгуби првиот натпревар, а тоа е ситуација на која навистина не сме навикнати. На многу турнири ги добивавме првите натпревари, но сега мора да го прифатиме ова. Има препреки коишто мора да ги надминеме, а на следниот натпревар мораме да бидеме подобри“, изјави Јоахим Лев.
„Во првото полувреме игравме многу лошо, не можевме да го наметнеме нашиот вообичаен стил на игра, напаѓавме, но имаше многу контранапади, бевме ранливи. Во второто полувреме извршивме притисок врз противникот, но Мексико се повлече и брзо ја изнесуваше топката. Имавме неколку удари, но немавме среќа бидејќи топката не сакаше да влезе во голот. Сите се тажни и со наведнати глави, но ова мораме да го оставиме зад себе. Нашиот тим има искуство со порази“, додаде селекторот на репрезентацијата на Германија.
„Впечатокот е дека не бевме динамични во првото полувреме како што знаеме, а во второто добив впечаток дека имавме сила. Не ни недостасуваше сила за да направиме пресврт на натпреварот во своја корист, а како играч на Светското првенство морате да бидете навикнати на дополнителен притисок. Сигурно дека нема да го промениме планот на играта. Знаевме дека треба бидеме стабилни, но, што е несвојствено, бевме нервозни, мораме да анализираме што се случило“, изјави Лев.

Најнови вести