Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Марио Гомез се прости од репрезентацијата на Германија

олгетерот на Штутгарт ја заврши репрезентативната кариера по 78 настапи во дресот на „панцерите“

Марио Гомез, напаѓачот на Штутгарт, стави крај на репрезентативната кариера. 33-годишниот фудбалер одигра 78 натпревари за Германија на кои постигна 31 погодок, при тоа појавувајќи се на три Европски и две Светски првенства, а беше дел и од шампионската генерација која го освои светот во 2014 година. Гомез е вториот фудбалер кој се прости од репрезентацијата по Месут Озил во изминативе неколку дена.

„На моето патешествие во репрезентацијата му дојде крај, време е да се остави простор на помладите да го исполнат својот сон. Ќе ги паметам само убавите моменти поминати со останатите соиграчи со кои заедно „гиневме“ за дресот, а секако најмногу ќе го паметам освојувањето на СП пред четири години во Бразил“, истакна Гомез.

Најнови вести