Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2016

Уругвај тешко без Суарес

Изненадување приреди традиционално најслабата селекција на Јужна Америка, а Мексиканците беа сигурни во својата победа.

Изненадување на турнирот до сега приреди Венецуела која ја совлада репрезентацијата на Уругвај со голот на Рондон и откако во првото коло со минимален резултат славеа против Јамајка се најдоа во четврт-финалето.
Единствениот гол го видовме по мајсторијата на Гуера кој го лобираше Муслера, топката од пречка се одби кон напаѓачот на Вест Бромич албион кој ја погоди мрежата. Уругвај беше лош и без идеа во играта, многу им недостасува Суарес. Гуера речиси од половина терен го изненади Муслера кој ја допре топката и го спречи можеби и голот на сезоната, но Рондон ја спроведе топката во мрежата.
Венецуела, традиционално најслабата јужно американска репрезентација за прв пат во својата историја добила натпревар во низа на Копа Америка. Рондон стана првиот играч во историјата на својата земја кој на три континентални првенства успеа да постигне голови.
Уругвај инаку можеше да се спаси во финишот, но Дани Хернандез сепак го одрани ударот на Кавани.
Во Пасадена без изненадувања, Мексико постигна гол против Јамајка преку Чичарито по 17 минути игра, а асистент беше Хесус Корона. Двата тима имаа свои шанси, а победата на Мексико ја потврди Орибе Пералта само што го замени Чичирито. Овој триумф е 10-ти во низа на селекторот на Мексико Хуан Карлос Осори откако го презема тимот минатата година.
Мексико и Венецуела се во четврт-финалето, имаат 6 бодови по двете кола, Уругвај нема бодови, а исто така ни Јамајка.

Најнови вести