Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2015

Колумбиецот Осорио нов селектор на Мексико

Колумбискиот тренер Хуан Карлос Осорио е нов селектор на фудбалската репрезентација на Мексико, потврди неговиот неодамнешен клуб Сао Пауло.

Осорио на клупата на Мексико ќе го замени привремениот тренер Рикардо Ферети, кој таа функција ја вршеше по заминувањето на Мигел Ерера во јули.
„Многу сум тажен, бидејќи работеше извонредна работа. Репрезентацијата на Мексико беше негова желба веќе долга низа години“, изјави Карлос Мигел Ајдар, претседателот на Сао Пауло.
Новиот селектор на Мексико во текот на кариерата ги водеше американските клубови Чикаго и Њујорк, а работеше и во Милјонариос, Онсе Калдас, Пуебла и Атлетико Насионал.

Најнови вести