Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2018

Џејмс неизвесен за првиот натпревар против Јапонија

Колумбија може првиот натпревар на Светското првенство да го одигра и без првата ѕвезда на тимот, Џејмс Родригес.

Екипата на Хосе Пекерман ќе игра денес, против Јапонија.
Родригес го пропушти тренингот во петокот во Казањ поради болки во мускулите, а наводно има проблеми и со листот на левата нога.
Иако 26-годишниот фудбалер тренираше вчера во Саранск, неизвесно е дали ќе настапи.
„Ништо нема да знаеме до последниот момент. Светското првенство се игра по напорните клупски сезони и некои играчи дојдоа ровки. Сепак, сите напредуваа и покрај заморот. Имаме доволно играчи. Тимот е побогат, посилен во однос на турнирот во 2014 година“, изјави Пекерман.
„Јапонија е тежок ривал, меѓутоа, наша цел е да ја поминеме групната фаза. Се надевам дека ќе бидеме добри барем колку и во Бразил“, додаде тренерот на Колумбија.
Родригес на споменатиот Мундијал во Бразил беше прогласен за најдобар стрелец.
Натпреварот на програмата е од денес, од 14 часот.

 

Најнови вести