Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Пекерман ја напушти Колумбија

По речиси седум години вршење на селекторската функција, стручњакот си замина

Човекот кој од јануари 2012 година наваму беше селектор на фудбалската репрезентација на Колумбија, Хосе Пекерман, се повлекува од функцијата. Овој 69-годишен стручњак најверојатно нема долго да седи без ангажман, бидејќи се најавува дека тој ќе биде новиот селектор на Мексико.
Аргентинскиот тренер имаше турбулентен престој на клупата на Колумбија. Кога дојде, тимот се немаше пласирано на Светското првенство, за првпат по 1998. Беше трети селектор само за пет месеци, но брзо дојде стабилизацијата. 
Колумбијците како втори на табелата се пласираа на СП во Бразил 2014. На Мундијалот беа едно од најпријатните изненадувања, играа убав фудбал, првпат дојдоа до четврт-финалето. 
Сепак, квалификациите за СП 2018 не беа толку успешни, а на самото првенство во Русија, Колумбија загуби од Англија на пенали во осминафиналето. 
„Секогаш ќе се интересирам за Колумбија, не само за фудбалот, туку и за самата држава и народот. Секогаш ќе бидете во моето срце и се надевам дека успесите ќе продолжат“, рече емотивниот Пекерман. 

 

Најнови вести