Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2016

Јубилеј на Меси за Аргентина, ново реми на Бразил

Откако Лионел Меси се врати во националниот тим, репрезентацијата на Аргентина влезе во потребниот ритам и забележа нова победа на домашен терен против Боливија со резултат од 2-0.

Првиот гол беше постигнат по акцијата која ја стартуваше Меси, со додавање на Игуаин до Меркадо, а конечниот резултат од 2-0 го постави Меси со прецизно изведен пенал, што всушност беше и негов 50-ти јубилеен погодок за националниот тим.
„Имавме зацртана цел пред двата натпревари и ја остваривме, презадоволен сум од освоените шест бодови. Не е важно теренот каде ќе играме, сакаме секогаш да победуваме, а се надевам дека ќе продолжиме вака и понатаму на следните средби“, истакна Меси.
Репрезентацијата на Бразил, за разлика од Аргентина е сè уште далеку од посакуваната форма, тие одиграа 2-2 на гостувањето против Парагвај, а од поразот се спасија во последната минута со голот на Дани Алвеш, кој успеа да спаси бод за својата репрезентација.
Уругвај извојува победа на натпреварот против Перу преку Едисон Кавани, додека пак Колумбија со Хамес Родригез извојува победа над Еквадор со 3-1, а со тоа му го нанесе и првиот пораз на лидерот на таблата во квалификациониот пласман на Светското првенство во Русија 2018.

Најнови вести