Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2016

Родригес ја предводи Колумбија, САД убедлив

Фудбалерите на Колумбија ја остварија втората победа на Копа Америка, а првенецот го забележа и домаќинот САД.

Репрезентацијата на Колумбија го совлада Парагвај со 2-1 и веќе го потврди местото во четврт-финалето од натпреварувањето, а јунакот на натпреварот беше Џејмс Родригес. 
Колумбија натпреварот го реши уште во првиот половина час со одличниот Родригес. Играчот на Реал Мадрид во 12-тата минута од корнер му асистираше на Карлос Бака за водство, а во 30-тата минута самиот ја дуплираше предноста.
Парагвај дури во второто полувреме успеа да го загрози ривалот, но само со ублажување на поразот преку Виктор Ајала во 71-та минута. Колумбијците здивнаа во последните десет минути по исклучувањето на Оскар Ромеро поради двата жолти картони кои ги доби во рок од две минути.
САД беше убедлив против Костарика со 4-0, а Клинт Демпси го постигна јубилејниот 50-ти гол за репрезентацијата.
Домаќинот натпреварот го реши во првиот половина час. Јирген Клинсман веруваше во тимот кој беше поразен на самиот старт на натпреварувањето од Колумбија, а тие му ја оправдаа довербата.
САД во четврт-финалето ќе оди и по реми резултат со Парагвај, бидејќи Костарика во тој случај би морала да ја победи Колумбија со повеќе од шест голови разлика.

Најнови вести