29.8.2018 Легендата Демпси ја заврши кариерата
Еден од најдобрите американски фудбалери реши да се пензионира во дресот на Сиетл
Клинт Демпси се повлекува од професионалното играње фудбал. Овој 35-годишен американски фудбалер, кариерата ја завршува како член на клубот Сиетл саундерс.
Демпси за репрезентацијата на САД дебитираше во ноември 2004 година и одигра дури 141 натпревари, со што е трети на вечната листа, а заедно со Лендон Донован се на делба на првото место на листата на стрелците со по 57 гола за националниот тим.
„По долго размислување, моето семејство и јас одлучивме дека сега е вистинското време да се повлечам од активното играње. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе со коишто соработував за време на кариерата, како и на навивачите кои ме поддржуваа додека играв за Њу Ингланд, Фулам, Тотенхем, Сиетл и репрезентацијата. Секаде каде што играв, се чувствував како дома“, изјави Демпси.
Демпси со 60 гола во Премиер лигата беше клупски рекордер на Фулам, а последните пет години ги мина во МЛС-лигата, како играч на тимот од Сиетл.