Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2013

Џермејн Дефо ќе паузира три седмици

Англискиот премиерлигаш Тотенхем три седмици ќе биде без најдобриот стрелец во досегашниот дел на сезоната, Џермејн Дефо, поради повреда на лигаментите на стапалото.

„Се надевам дека на Дефо не му се повредени лигаментите на глуждот. Ако се, ќе го нема две до три седмици“, беа зборовите на португалскиот фудбалски стручњак Андре Вилаш-Боаш откако средбата против Вест Бромич англискиот репрезентативец ја напушти со кривење.
Но надежите на Португалецот не се остварија, но и покрај тоа, тој беше задоволен со вестите на лекарската служба.
„Тоа се добри вести, бидејќи постоеше опасност од поголемо оштетување“, рече Вилаш-Боаш.
Тотенхем претстојниот викенд на домашен терен ќе го пречека Њукасл, а за таа средба може нема да има на располагање ниту еден вистински напаѓач! Адебајор наскоро треба да се врати од Јужноафриканската Република од Африканскиот куп на нациите, а исто така и Американецот Клинт Демпси од Хондурас од квалификациските натпревари за Светското првенство.
„Се обидуваме да организираме најдобри можни летови за двајцата, но не е лесно. Се надевам дека на крајот сè ќе излезе добро“, заклучи Португалецот.

Најнови вести