Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2014

Копа Америка 2015: Џејмс против Нејмар

Репрезентациите на Колумбија и на Бразил следната година ќе играат во иста група на Копа Америка, а интересен ќе биде дуелот меѓу Уругвај и Аргентина.

Првенството на Јужна Америка ќе се игра од 11-ти јуни до четврти јули во Чиле, кој ќе биде во групата А со Мексико, Еквадор и Боливија.
Во групата Б, покрај „гаучосите“ и Уругвај, кој ќе игра без Луис Суарес, ќе бидат уште Парагвај и Јамајка. Конкуренција на Колумбија и на Бразил во групата Ц ќе бидат Перу и Венецуела.
Дерби на групната фаза од натпреварувањето ќе биде средбата меѓу Бразил и Колумбија, чии ѕвезди се конкуренти од Барселона и Реал Мадрид, Нејмар и Џејмс Родригес.
Двете селекции беа ривали во четврт-финалето на Светското првенство, а Бразил тогаш славеше со 2-1, но и остана без Нејмар, кој доживеа тешка повреда по стартот на Зуњига.
Шампионската титула ќе ја брани Уругвај, кого го чека средба со Аргентина и Меси, но без неговиот соиграч од Барселона, Луис Суарес, кој е суспендиран на девет натпревари поради тоа што го гризна Џорџо Кјелини на Мундијалот.
Мексико и Јамајка се репрезентативци од зоната на КОНКАКАФ, коишто добија специјални покани на ова издание на Копа Америка.
Домаќинот Чиле никогаш не бил шампион на континентот, но сега го има веројатно најдобриот тим во историјата, предводен од Артуро Видал и Алексис Санчес.
Аргентина нема трофеј од 1993 година, што е голем мотив, а уште поголем има Бразил по понижувањето на Мундијалот на домашен терен.

Копа Америка 2015:
Група А: Чиле, Мексико, Еквадор, Боливија
Група Б: Аргентина, Уругвај, Парагвај, Јамајка
Група Ц: Бразил, Колумбија, Перу, Венецуела

Најнови вести