Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2015

Реал Мадрид: Родригес и Данило се вратија повредени

Колумбиецот Џејмс Родригес и Бразилецот Данило, фудбалерите на Реал Мадрид, се вратија повредени од натпреварите на своите репрезентации.

Реал соопшти дека Данило ја скршил коската во десното стапало играјќи за Бразил. Петкратниот светски шампион одигра два пријателски натпревари против Костарика и САД. Реал не наведе колку долго ќе паузира Данило.
Од друга страна, Родригес го скина мускулот на левиот бут додека играше за Колумбија во пријателскиот натпревар со Перу.
„По тестовите, се покажа дека Џејмс делумно го скинал бутниот мускул. Би требало да паузира околу четири седмици. Ќе направиме сè за што побрзо да се врати на теренот“, беше соопштено од клубот.
По паузата поради репрезентативни обврски, натпреварувањето во шпанското првенство продолжува викендов, а Реал утре ќе игра на гостински терен против Еспањол.

Најнови вести