Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2016

Колумбија по 12 години во полуфиналето на Копа Америка

Фудбалерите на Колумбија се пласираа во полуфиналето на Копа Америка откако по подобро изведените пенали со 4-2 го елиминираа Перу.

Херој на триумфот беше голманот Давид Оспина, кој го одбрани пеналот на Мигел Трауко, за Кристијан Куевас да ја прати топката преку пречката и така да го означи почетокот на славењето на Колумбија.
„Ние голманите ја имаме таа предност што можеме да го користиме секој дел од телото, битно е да се сопре топката, со уши со нос не е битно“, изјави Оспина, кој со одличната интервенција го спаси својот тим во самит финиш на натпреварот.
Ова е прв пат од 2004 година Колумбија да игра во полуфиналето на Копа Америка, а таму само ги чека подобриот од натпреварот Мексико – Чиле.
Пред повеќе од 79 илјади гледачи ова не беше исклучително интересен натпревар, иако Џејмс Родригес ја погоди стативата, екипите се отворија дури во завршницата, но сепак пеналите одлучија.
Колумбија само еднаш во историјата славеше на Копа Америка во 2001 година.

Најнови вести