Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2015

Нејмар: Мене ме удираа, ме туркаа, а јас бев исклучен!?

Нејмар, ѕвездата на Бразил, бесен е на судијата на натпреварот со Колумбија бидејќи го исклучи иако тој доби удар и беше турнат.

Откако судијата го означи крајот на натпреварот, Нејмар со топка погои во грбот еден играч на Колумбија, по што следуваше гужва, а Карлос Бака силно го турна Бразилецот.
Главниот судија на натпреварот на Нејмар му покажа втор жолт картон, а потоа го исклучи и Бака. Колумбија славеше со 1-0.
„Правилата секогаш се против мене. Колумбијците ја бришеа линијата од пена, а не добија жолт картон. Зошто го добив првиот жолт? Топката ми беше во рацете, но паѓав, не го направив тоа намерно. Поради што сум исклучен? Јас добив удар и бев турнат. Ставете слаб арбитер да суди, и ќе се случи ова. Ништо не може да ме излуди како судиите кои не свират добро“, изјави Нејмар.
Без оглед на исклучувањето, Бразил го доживеа првиот пораз по 11 натпревари под водство на селекторот Карлос Дунга.
„Не бегав од одговорност ниту кога имав 17 години, па нема ниту сега. Не игравме добро против Колумбија, јас прво. Мораме да останеме мирни и да се надеваме дека ќе го добиеме следниот натпревар“, изјави Нејмар.
Бразил, Колумбија и Венецуела имаат по три бода во групата Ц, со тоа што Венецуела вечерва со Перу игра натпревар од второто коло.

Најнови вести