Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2015

Колумбија против Аргентина - дерби на четврт-финалето на Копа Америка

Колумбијците, на коишто им беше неопходен триумф над Перу за да осигурат пласман во четврт-финалето, имаа подобри шанси, но Фалкао, Родригес и Мартинез не ги искористија и натпреварот заврши 0-0.

Во вториот натпревар од третата група Бразил ја победи Венецуела со 2-1 со што им обезбеди на Колумбијците пласман во четвртфиналето каде ќе се сретнат со Аргентина.
Во четврт-финалето на Копа Америка ќе играат по две најдобри екипи од сите три групи, плус двете најдобри третопласирани.
Бранителот на титулата Уругвај за пласман во полуфиналето ќе се бори со домаќинот Чиле, Бразил е фаворит против Парагвај, а Боливија и Перу ја сочинуваат четвртата двојка.
Чиле и Уругвај го отвораат четврт-финалето на 24 јуни, ден подоцна играат Боливија и Перу, Аргентина и Колумбија ќе се сретнат на 26 јуни, а последниот натпревар од четврт-финалето ќе го одиграат Бразил и Парагвај на 27 јуни.

Најнови вести