Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2016

Копа Америка: Чиле и Аргентина во иста група

Фудбалската репрезентација на Чиле, бранителот на трофејот на Копа Америка, ќе игра во група со Аргентина, Боливија и Панама на континенталниот шампионат во САД.

Ждрепката го одлучи спојот на финалистите од минатото првенство, кога Чиле на свој терен ја совлада Аргентина по изведување на пенали и ја освои првата титула првак на Јужна Америка.
Бразилците имаа среќа во ждрепката бидејќи се наоѓаат во група со Перу, Хаити и Еквадор, додека домаќинот САД ќе се натпреварува со Парагвај, Костарика и Колумбија.
Копа Америка ќе биде одржан прв пат надвор од Јужна Америка и ќе трае од 3 до 26 јуни.

Групи:
A: САД, Парагвај, Костарика, Колумбија.
Б: Бразил, Перу, Хаити, Еквадор.
Ц: Мексико, Венецуела, Јамајка, Уругвај.
Д: Аргентина, Боливија, Панама, Чиле.

Најнови вести