Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2014

Пекерман: Горд сум на играчите

Селекторот на Колумбија Хозе Пекерман изјави по поразот во четвртфиналето од Мундијалот дека е горд со своите фудбалери.

Тој додаде дека ситници го одлучиле победникот на натпреварот против Бразил.
Бразил во четвртфиналето ја победи Колумбија со 2:1 и така избори учество во полуфиналето, во кое ќе се сретне со Германија, која претходно ја победи Франција со 1:0.
„Мислам дека Колумбија по долго отсуство на Светските првенства покажа дека тука и е местото и мислам дека моите играчи покажаа дека се дојдени тука да се натпреваруваат, а не само да играат. Ова е најважното нешто - горд сум на нив“, изјави Пекерман по натпреварот.
„На Бразил им беше потребна победа... Играат на свој терен. Нивните играчи во секој дуел влегуваа со многу сила, а ние ја изгубивме течноста поради нивната голема жестокост. Овој натпревар го решија ситници... Еден прекин во раната фаза на натпреварот“, оцени Пекерман.

Најнови вести