Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2016

Колумбија го совлада домаќинот на премиерата

Фудбалерите на Колумбија ја совладаа репрезентацијата на САД со 2-0 на премиерата на Копа Америка во Санта Клара.

Репрезентацијата на Колумбија го надигра домаќинскиот тим со погодоците на Кристијан Запата и Џејмс Родригес во првото полувреме.
Колумбија од самиот старт го контролираше ритамот на играта и поведе уште во 8-та минута. Кардон ја додаде топката од корнер, а Запата им избега на чуварите и со удар од 15 метри го совлада Гузан.
Домаќините се обидоа да возвратат, но тимот на Клинсман го презема поседот на топката и го притискаше ривалот, но Демпси не успеа да пронајде простор меѓу дефанзивните играчи на Колумбија.
Колумбијците играа трпеливо и чекаа можност за контра напад, за на четири минути пред крајот на полувремето да следува нова грешка на одбраната на САД. Џедлин играше со рака во својот казнен простор, а Родригес од 11 метри го прати Гузан во погрешен правец и го потврди триумфот на Колумбија.
Следеше голем притисок од Американците во второто полувреме, но Оспина го бранеше својот гол, па Колумбија ги освои своите први три бодови во Групата А.
Во вториот натпревар денес од 23 часот ќе се сретнат репрезентациите на Костарика и Парагвај. Од 01:30 часот играат репрезентациите на Хаити и Перу, а од 04:00 ќе се сретнат Бразил и Еквадор, двата натпревари се од Групата Б.

Најнови вести