Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2015

Аргентина по пенал-драма во полуфиналето

Аргентина е третиот полуфиналист во Копа Америка откако по пенал серија триумфираше над Колумбија.

Во регуларните 90 минути натпреварот заврши без голови, а во драмата во пенал серијата Аргентинците конечно успеаја да ја победат жилавата Колумбија.
Колумбијците беа решени да не им допуштат на Аргентинците да ја играат својата препознатлива игра и со стартови на работ на жолт картон го растураа ритамот на „гаучосите“.
Аргентина имаше неколку убави шанси да дојде до предност, но расположениот Оспина не им дозволи да се радуваат.
Откако натпреварот заврши без голови во регуларните 90 минути веднаш почна пенал серијата. 
Првите тројца изведувачи од двете репрезентации беа прецизни, а потоа Муриел не го погоди за Колумбија, но Билиа му се реваншираше, па резултатот по првите пет удари беше 4-4. Зунига повторно не беше прецизен, но и Маркос Рохо не погоди. Мурилјо повторно шутираше високо над голот, а со прецизен удар во седмиот пенал Карлос Тевез на Аргентина ѝ го донесе полуфиналето.
Аргентинците за место во финалето ќе играат со подобриот од четвртото четврт-финале во кое вечерва ќе се сретнат Бразил и Парагвај.


Најнови вести